Maria Moore itibaren Wyżyce, Poland

mariamoore

04/28/2024

Kitap için kullanıcı verileri, yorumlar ve öneriler

Maria Moore Kitabın yeniden yazılması (11)

2018-12-26 11:41

Hızlı Ve Kolay Office TrendKitaplar Kütüphanesi

Tarafından yazılmış kitap Tarafından: Kodlab Yayınları

Водач или следбеник? Фантазер или лидер? Се сметате ли просечни во она кое го работите? Бидете спокојни, надежта е тука...сублимирана во некои 130-тина страници јасен и разбирлив текст кој ќе ве натера да ги препознаете вашите потенцијали. Погледнете го насловот на самата книга сега. Тој вели "ЛИДЕРОТ Е ВО ВАС", не вели "Лидерот во вас". Ова е доволно за да разберете дека мудриот избор на зборови јасно укажува на ставот на авторот кој ќе ве следи до крајот на делото. Лидерот е веќе во вас, во секој од вас... тоа е констатација! Самиот наслов, совршен во секој јазичен смисол, не ви дава простор да се замислите врз веродостојноста на зборовите. Не ви дава можност да се поколебате и замислите дали книгава е за вас. Самиот наслов ве тера себеси да се препознаете во книгава, да разберете дека тој Лидер веќе постои во вас самите но вие треба да го препознаете и да му дозволите да дојде до израз. Која е сржта на сите нешта? Почетокот од кој нештата настануваат? Идејата! Секојдневно, нашите умови се режисери на безброј филмови кои ги создаваме поттикнати од она што се случува, од нашите желби, но и стравови. И секојдневно, доаѓаме до илјадници идеи, за волја на вистината не секогаш брилијантни... но тук-таму ќе признаете, знае да провее и по некоја прекрасна идеја од која би можеле да имаме бенефит и ние, но и нашата средина. Сепак, мал е бројот на оние кој ја задржува оваа идеја, размислувајќи и медитирајќи доволно над истата и кристализрајќи ја во една единствена цел должна на нашето 100% внимание. Тој мал број на луѓе кои остануваат верни на својата оригинална идеја и го впрегнуваат сето свое знаење и искуство за материјализирање на истата се Лидерите. Но, дефинирањето на поимот Лидер воопшто не е лесно. Постојат толку многу фактори од кои зависи дали една личност е Лидер во моментот или не, но клучното на кое авторот наведува, е дека како и сите други вештини кои се учат со текот на времето низ усовршување и самонадградување, така и Лидерството е вештина! И во оваа изјава лежи надежта за големиот број просечни, па дури и потпросечни луѓе. Низ бројни примери, авторот ќе ви покаже како дури и оние со скромно образование, но со непоколеблив и истраен дух, успеале да се издигнат над просекот и вивнат во височините. Прекрасно и поучно дело во кое ќе читате за тоа како да ги препознаете и развиете клучните карактеристики кои еден Лидер треба да ги поседува, како да изградите тим на соработници со кои ќе ја делите вашата највисока визија, како да бидете исполнети и среќни уживајќи во плодовите на сопствениот труд... и најпосле како да го завземете тронот во вашата средина здобивајќи го епитетот Лидер. Фантастично дело кое ќе биде ваш учител, пријател и патоказ додека го освојувате светот полн предизвици. Неверојатна синтеза на мудри и практични чекори кои ќе ви помогнат во исполнување на сништата и себереализирањето.

Okuyucu Maria Moore itibaren Wyżyce, Poland

Kullanıcı, bu kitapları portalın yayın kurulu olan 2017-2018'de en ilginç olarak değerlendirdi "TrendKitaplar Kütüphanesi" Tüm okuyucuların bu literatürü tanımalarını tavsiye eder.